Пожар: Струмичките ридови соголени – сеуште горат дури и корените под земја


Пожарот во Струмица се разгорел и денес, се проширил и крај патот кон Вландово.

Авионите се повторно на терен, пожарникарите прават засеци во шумата со цел да не се прошири пожарот. Важи и забраната за движење во шумските предели која трае до 31 август. Посебно се апелира до граѓаните кои ќе го слават 2 август да не палат скара во природа.

Подземното горење на непристапните терени и топлото време се сериозна причина да продолжи горењето. Сите луѓе учесници во пожарите се целосно исцрпени после недела дена континуирано гаснење на пожарите.

,, Ридовите се буквално соголени од моторни пили и прекопани со правење на засеци за да се спречи ширењето на пожарот. Целото оваа се прави за да се локализира огненото жариште на постојните локации. Се надеваме дека засеците кои се направени по ридовите со моторни пили, лопати и мотики, ќе доведат конечно до окончување на постојаното потпалување“ – изјави за Радио СтрумицаНет, градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, кој се наоѓа во опожареното подрачје.

Share Button

Tags: , ,

Александар Младеновски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1