Никој не знае која е жената која се прошета на Олимпијада – Индијците протестираат


Индиската делегација на Олимписките игри во Лондон упати официјална жалба до организаторите бидејќи додека нивната делегација излезе на стадионот на церемонијата по повод отварањето на игрите со нив – веднаш до знаменосецот се прошета и жена во црвено која не е дел од делегацијата.

Рамо до рамо со носителот на знамето Сушил Кумура цело време одеше и жена во црвена маица и сини пантолони. Девојката нема акредитација околу вратот и никој не знае како воопшто дошла до зоната каде биле спортистите.

,, Ова е јасен случај на недозволен упад. Не знаеме која е таа жена и кој и дозволил да излезе на стадионот како дел од нашата делегација,, револтирани се индијците, изјавил шефот на делегацијата Муралидхаран Раја.

,, Посрамотени сме пред целиот свет и бараме извинување.. додаде Раја.

Се претпоставува дека станува збор за некој од глумците доброволци.

Еден индиски портал напишал дека се работи за Мадхура Хони, студентка од Бангалоре која живее во Лондон. Таа дури и на својот фејсбук профил објавила фотографија од пропусницата за Олимписките игри. Но профилот го деактивирала веднаш откако овој скандал се разгласи низ медиумите.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1