Руските воздушни сили во последните 24 часа погодиле 60 мети на Исламската држава во Сирија и убиле околу 300 милитанти, објави руското министерство за одбрана, што е најинтензивен напад од почетокот на руската воена интервенција во Сирија пред десет дена.
Москва, според досегашните извештаи, гаѓала по десет мети на ден. Со појачано темпо на нападите сака да ги спречи милитантите да се прегрупираат и распоредат во населените места, наведува министерството.
Меѓу погодените мети е и складиште за оружје, при што настрадале околу 100 милитанти.