Русија завеана со снег – ние го чекаме утре


На автопат во Русија кај градот Твер, во неделата, поради снежните врнежи, била формирана колона долга 200 километри. Министерството за вонредни состојби, тврди дека ситуацијата се нормализирала и дека до застојот дошло поради пропуштањето на дел од техниките за чистењето на снегот.

Министерот за вонредни состојби, Владимир Пучков, со хеликоптер го надлета Тверск, за на лице место се увери како се реализираат мерките за отстранување на поледиците на снежните непогодби, додека министерот за сообраќај Максим Соколов, на состанокот со раководството на Тверск, ја разгледуваат ситуацијата.
На патот се создадени пунктови каде што возачите ќе можат да се загреат, добијат топли оброци и медицинска помош, а отворен е и црвен телефон во одделението за вонредни ситуации во оваа област.

Mакедонија снегот го чека утре – еве што вели прогнозата

Попладне под влијание на влажна и студена воздушна маса од север и северозапад, наоблачување со врнежи од дожд и ветровито. Ке дува засилен (студен) северен и северозападен ветар кој ке услови пад на температурите и во доцните попладневни и вечерните часови врнежите од дожд ке преминуваат во снег. Врнежи од дожд ке има во југоисточните предели. Во текот на ноќта ке дува силен ветар кој ке достигне брзина и до 70 км/ч. Утринските температурике се движат од 0°C до 6°C, а максималните дневни температури ке достигнат 4°C односно до 11°C.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1