Од четврток вистинска зима во Македонија – мраз и студ – Неделна прогноза


Во Македонија претпладне ке биде умерено облачно  и  ветровито, ке дува засилен јужен и југоисточен ветар а во западните предели засилен југзападен ветар.

Попладне под влијание на влажна и студена воздушна маса од север и северозапад, наоблачување со врнежи од дожд и ветровито. Ке дува засилен (студен) северен и северозападен ветар кој ке услови пад на температурите и во доцните попладневни и вечерните часови врнежите од дожд ке преминуваат во снег. Врнежи од дожд ке има во југоисточните предели. Во текот на ноќта ке дува силен ветар кој ке достигне брзина и до 70 км/ч. Утринските температурике се движат од 0°C до 6°C, а максималните дневни температури ке достигнат 4°C односно до 11°C.

Во Скопје претпладне умерено облачно и ветровито, попладне со врнежи од дожд и силен ветар. Во доцните попладневни и вечерните часови врнежите од дожд ке преминуваат во снег. Претпладне ке дува југоисточен ветар, кој попладне ке го премени правецот во силен северозападен. Утринската температура од 3°C, а максималната дневна ке достигне до 8°C.

Во вторник ке биде претежно сончево, студено и ветровито. Ке дува силен северозападен ветар кој ке достигнува брзина и до 50 км/ч, а во попладневните часови ке слабее. Утринските температури ке се движат од -8°C до 1°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 2°C односно до 7°C.

Во среда ке биде умерено облачно со врнежи од дожд и снег и ветровито. Врнежи од снег се очекуваат на места над 800 метри надморска висина. Ке дува засилен јужен и југоисточен ветар а во западните предели ке дува засилен  југозападен ветар. Температурите ке бидат во пораст, па утринските температури ке се движат од -2°C до 4°C, а максималните дневни температури ке се движат од 5°C до 11°C.

Во четврток во Македонија во утринските часови ке има појава на слаб мраз, а во текот на денот ке биде претежно сончево со локална облачност ветровито и студено. Ке дува засилен северен и северозападен ветар кој ке достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од -6°C до 1°C, а максималните дневни температури ке се движат од 1°C до 8°C.

Во петок во утринските часови ке има појава на мраз, а во текот на денот ке биде претежно сончево со локална облачност и студено. Слаб променлив ветар. Утринските температури ке се движат од -8°C до -1°C , а максималните дневни температури ке достигнат до 1°C односно до 8°C.

Во сабота ке биде облачно со врнежи од дожд и снег и ветровито. Ке дува засилен јужен и југоисточен ветар, а во западните предели ке дува засилен југозападен ветар. Утринските температури ке се движат од -6°C до 1°C, а максималните дневни температури ке достигнат до 1°C односно до 8°C.

Во Македонија во недела ке биде претежно сончево со локална облачност. Слаб променлив ветар. Утринските температури ке се движат од -5°C до 2°C, а максималните дневни температури ке се движат од 0°Cдо 6°C.

weather4all

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1