Мажот се онесвестил откако испил повеќе алкохол, па по грешка бил прогласен за мртов. Овој случај на истокот на Русија бил пријавен во средата, но не е сосема јасно кога точно се случил.
Неговите пријатели повикале брза помош и медицинските лица го прогласиле за мртов и го однеле во мртовечница. Сепак, човекот на крајот се вратил, а бил во ладилнил во мртовечница.
Таа ноќ, биле исполнети капацитетите на локалната мртвачница, телата биле не само на полиците, туку и на подот на ладилникот, каде бил преместен “мртвиот херој”, рекол портпаролот на полицијата Алексеј Стојев.
Човекот во еден момент се разбудил и не сфатил каде се наоѓа. Свеста му била заматена поради алкохолот, а во мракот почувствувал дека деловите од телото му се ладни. Во страв истрчал до вратата, но таа била заклучена.
Почнал да вика за помош и да тропа на вратата. Кога го слушнале стражарите, го пријавиле случајот кај лекарите, а тие на полицијата. Кога полицајците ја отвориле вратата, “човекот кој воскреснал” во паника излетал од собтата. Го испрашале, а потоа го ослободиле.Кога се вратил на журката, неговите пријатели и понатаму пиеле во “негова слава”. Личноста која ја отворила вратата, се онесвестила од шок. Погребот брзо се претворил во журка за “повторното раѓање”.Еден Русин се пробудил во мртвачницата откако бил прогласен за мртов, пренесуваат локалните медиуми. Пред овој инцидент, тој бил на забава со пријателите на тури алкохол. Меѓутоа, она што е уште позанимливо, е тоа што тој после чудното будење се вратил на журка.