Саудискиот принц го напушти Сплит затоа што немал приватна плажа


Абдул Азиз Фаваз ал Сауд, член на кралското семејство на Саудиска Арабија го напушти Сплит по само два дена одмор во Radisson Blu хотелот затоа што хотелот не можел да му обезбеди приватна плажа, објави Дојче Веле.

Принцот, кој има 60-ина години, кој бил во Сплит на почетокот на јули, за време на својата кратка посета потрошил околу 70 илјади евра. Дека навистина бил гостин во Сплит потврдил и Јан Алберс, директор на продажба и маркетинг на хотелот.

Покрај барањето за приватна плажа, принцот барал во претседателскиот апартман да му се вгради и биде и секогаш да има многу ореви во својата соба. Ореви и биде добил, но не му овозможиле приватна плажа бидејќи хотелот од Жупанската oпштина не добил концесија за плажа од затворен тип.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1