Давам отказ – одам да просам – поголема дневница има


еј дечки фала што ме пуштивте на море, супер сте вие екипа ама давам отказ – повеќе заработив со просење отколку што вие ме плаќате. Ако сакате придружете ми се оставете го новинарското перо и дојдете со мене на ривиера.

За да види која сезонска работа највеќе се исплати, новинарка на Прес работела во Будва како собарица, го го играчица на шипка, просела и работела како конобар на плажа.

На крајот ја напишала сторијата, а на уредниците доле им оставила п.с порака – еј дечки фала што ме пуштивте на море, супер сте вие екипа ама давам отказ – повеќе заработив со просење отколку што вие ме плаќате. Ако сакате придружете ми се оставете го новинарското перо и дојдете со мене на ривиера.

Еве како минала новинарката на секоја работа одделно.

 

Собарица – ме исцрпи до даска – а гостите циции

Мојот прв ден започна во девет во хотел Словенска плажа. Ми дадоа количка со средства, крпи и тргнав. Да потенцирам дека овде нема плата – се работи за бакшиш.

Во хотелот има 2.400 кревети. По половина час во соба. Усисувам, менувам постелнина, бришам прашина – и оп ете го гостинот ми се смешка ама никако да се фати за новчаник.

vо 30 соби собрав вкупно 15 евра. Може немав среќа да чистам во соби на руски богати туристи, но ни колешките не минале подобро.

Заклучувам ова не е за мене – Ем нозе ме заболеа ем ништо пари. Одам понатаму.

Просење – ем седиш ем праиш пари

Седнав на главниот булевар во Будва, ставив шапката пред мене и почнав да просам. Сонцето те пече ама ако – оппп ете го првиот муштерија – ако може така да го наречам. Една жена оп 2 евра во шеширот. Еве уште еден по неа – оп 100 динари.

Група млади минуваат и едно момче – белграѓанец ми приоѓа.

– Што правиш?
– просам  – велам и го гледам низ наочарите.

– Со фул шминка? – Прашува

– види мислам, ако ми дадеш пари давај ако не не ми попувај. Шминката ја купив кога имав пари, и сега немам и просам.

– Што ги потроши парите на море па сега просиш – се фаќа за џеб вади 50 евра и ми вика – еве ти ајде за да се вратиш дома.

Морав да се насмеам и да му признаам дека снимам репортажа – му ги вратив парите.
по 3 часа просење јас во шеширот имав уште 32 €, плус оние 50 што ги вратив – уааааа па јас сум богата. Си собирам парталите и одам на третата работа.

Келнерка на плажа  

Не ни знаев што е ,,ajncer,, ама тргнав. Ете ти први муштерии – 4. одам и едниот вика
– Еспресо со малку млеко и шеќер, ве молам, со газирана вода; Мене “Кока-Кола” со многу мраз, јас сакам нескафе со малку млеко, но ладно и мохито, и јас нес ама со топло млеко и малку шеќер и цеден портокал. Они си нарачуваат јас стојам и ги гледам како теле.

Првата нарачка ја заборавив уште пред да ја чујам втората, третата не ја ни чув зошто четвртиот збореше во исто време – ама се насмеав и викам добро – хмм ќе си нарачам јас по мое па ако утнам ќе се вадам дека тоа рекле. Некои од нив дури и ми се извинуваа кога ќе ја згрешев нарачката мислејќи дека тие грешно кажале, некои се лутеа и така. Но станав популарна, се газеа од смеење и ми оставаа бакшиш. Се сликаа со мене па изгледа ќе осамнам на фејс. На крајот на денот тотал заработка 25 евра. Па онака не е лошо – одам да се спремам за последната работа – ме чека шипка и играње. Тука мора да има пари.

 

Се тресев како ненормална – за џабе

Морав да играм на диско, на турбо фолк, на техно. Потпишав и договор со газдата имав право само на 3 паузи од по 15 мин. Морав даносам бел шорц и црн каиш а горе што сакаш.

Влегов во импровизиран кафез и фатив ритам.. на техно ја тресеш само главата како да ти е отштрафена, на диско се тресеш како да те удрила струја, а на турбо фолк мешаш со кукчиња – но не е важно што правиш зошто се толку пијани и лебедово езеро да им играш нема да те есапат.  струја.
На крајот ниту евро – само еден букет цвеќе и чоколадни бомбони. Добро оние на шанкот имаат повеќе бакшиш, нив гостите ги лепат кај ќе стигнат со пари. Јас добив само 30 евра дневница.

Дојдов дома и собирам

– собарица 15

– просење 32 + 50

– конобар – 25

– го го играчица – 30

Хмммммммммммм морам да напишам п.с
PS Почитувани уредници, Ви благодарам што ме испративте на море, јас успешно ја завршив оваа задача. Но решив го напуштам новинарското пенкало, земам шеширот и правец на ривиера. Вие сте кул тим и нема да ве заборавам, ама ме плаќате многуу помалку отколку што заработив со просење. Ако сакате придружете ми се – има на улица место за сите.

Share Button

Tags: , , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1