Светските знаменитости се накривуваат?


Античкиот Колосеум во Рим, место каде гладијаторите се бореле за нивните животи, се накриви на јужната страна за 40 сантиметри.

Експертите ги забележаа првите знаци на поместување пред околу една година, а беа ангажирани и властите кои сега ги преземаат неопходните чекори и се обидуваат да откријат како да го решат проблемот што е можно поскоро, пишува „Corriere della Sera“.

Ова не е прв таков случај во Италија. Такви проблеми веќе одамна има кулата во Пиза. Што навистина се случува со италијанските културни споменици се обиде да ги објасни Росел Реа на кого му помагаа и научниците од Универзитетот Ла Сапиенца во Рим. Како што јавуваат италијанските медиуми, научниците планираат да ја проучат геологијата, а особено внимание ќе им посветат на товарните моторни возила и нивното можно влијание врз античките споменици. Првите резултати ги чекаат до крајот на наредната година.

Некои експерти стравуваат дека постои пукнатина на основата на Колосеумот и дека тоа е причината зошто доаѓа до навалување. Ако е така, проблемот би можел да стане уште поголем. Сепак граѓаните кои ги слушнаа овие вести се надеваат дека нивните власти ќе направат се за да го зачуваат своето културно наследство.

Сепак, дека не е само Италија земја во која се накривуваат знаменитостите е докажано уште пред една години кога англичаните објавија дека се накривува и Биг Бен што веќе е видливо со голо око. Во моментов врвот на Биг Бен е навален околу половина метар, а се очекува дека со тек на време ќе се зголемува, а крајниот резултат би можело да биде и негово уривање.

„Ако продолжи да се  навалува ќе мораме нешто да направиме, но мислам дека уште неколку години може да бидеме мирни”, појаснил за Сандеј телеграф професорот Џон Бурланд

Навалувањето на Биг Бен веќе предизвика штета во долниот дом на Вестминстерската палата, па на ѕидовите јасно се гледаат пукнатини. Според некои извори, Биг Бен се навалува поради движењето на земјата кое го предизвикува работата на подземната железница.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1