Европската канцеларија за патенти објави понуда за вработување дури на 150 инженери во неколку европски градови, во наредната година, за плата од четири до осум илјади евра месечно.
На порталот посао.хр е објавен оглас во кој стручњаци од областа на физиката, хемијата и други природни науки, со задолжително познавање на барем два јазика, се повикуваат да градат кариера на испитување најсовремени технолошки патенти и тоа за месечна плата од 4,2 до 8 илјади евра, со можност за добивање бонус и разни придобивки, пишува Пословни дневник.
Работни места се нудат во Минхен, Нах и Берлин, а пријавите се примаат до 9 октомври. Како што пишуваат во Канцеларијата на патенти, првиот круг на разговори ќе се направи преку Скајп.
Повеќе детали и како да аплицирате можете да прочитате на овој линк!
Фактор.мк