Се бараат инженери, плата од 4000 до 8000 евра


Европската канцеларија за патенти објави понуда за вработување дури на 150 инженери во неколку европски градови, во наредната година, за плата од четири до осум илјади евра месечно.

inzenjer-564x272На порталот посао.хр е објавен оглас во кој стручњаци од областа на физиката, хемијата и други природни науки, со задолжително познавање на барем два јазика, се повикуваат да градат кариера на испитување најсовремени технолошки патенти и тоа за месечна плата од 4,2 до 8 илјади евра, со можност за добивање бонус и разни придобивки, пишува Пословни дневник.

Работни места се нудат во Минхен, Нах и Берлин, а пријавите се примаат до 9 октомври. Како што пишуваат во Канцеларијата на патенти, првиот круг на разговори ќе се направи преку Скајп.

Повеќе детали и како да аплицирате можете да прочитате на овој линк!

Фактор.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1