Се крчка смена на директори – третиот ешалон пред проветрување


Осумдесетина државни институции во наредниот период ќе добијат нови раководители или досегашните носители на таа функција ќе добијат уште еден мандат. Во Владата привршува процедурата за разгледување на кандидатурите за раководни позиции во повеќе установи, агенции, јавни претпријатија…, што беа ставени на оглас пред околу два месеца, главно, поради тоа што на досегашните директори им истекува мандатот, најдоцна до крајот на оваа година, пишува Утрински.

Засега не се знае колкумина и кои од досегашните директори ќе ги задржат позициите, бидејќи, според некои информации, многумина од нив конкурирале за уште еден мандат.

walking-to-workВладиниот портпарол Александар Ѓорѓиев вели дека досега се разгледани комплетно апликациите и дека се завршени интервјуата во првата фаза со сите кандидати. Со тоа е направена првична селекција на кандидатите и дел од нив, како што појаснува Ѓорѓиев, влегуваат во втората фаза на конкуренција. Тие ќе имаат можност да ги образложат уште еднаш своите позиции и идеи за извршување на функциите и да понудат, како што вели, програми или проекти за придонес кон реализација на владината програма.

Првиот владин конкурс, што беше објавен во мај, во најголем дел се однесува на институции со кои досега раководеа кадри на ВМРО-ДПМНЕ, а на кои мандатот им е истечен или им истекува наскоро, како и вршители на должност. Потоа беше распишан уште еден конкурс, што во најголем дел се однесуваше на позиции на локално ниво, во подрачните единици на министерствата и во подружниците на јавните претпријатија.

Со првиот оглас дури и се бараа кандидати за амбасадори и за конзули во десетина светски престолнини. Во меѓувреме, протекоа во јавноста информации за можни нови амбасадори во дел од огласените мисии, но нема информации дали личностите што се спомнуваат се јавиле на владиниот оглас.

Утрински весник

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1