СЕ МЕНУВА ЗАКОНОТ: ЗЕЛЕН КАРТОН Ќе се вади Зелен пак по старо – за 1, 3, 6 и 12 месеци


Наместо со важност од една година зелен картон да може да се вади и со покус рок на траење, Фактор дознава дека во Владата веќе се разговарало за ова прашање. Според информациите, ова прашање министрите го разгледувале на седницата што се одржала пред пет дена.

Извори од Владата, неофицијално брифираат дека сега Министерството за финансии треба да направи комплетна анализа со која ќе се разгледа можноста за важност на зелениот картон во пократок рок.zelen karton kola

Според, сознанијата за оваа опција  веќе се информирани и некои од осигурителните компании кои треба да дадат свој став по ова прашање.

Со измените што беа направени пред некоку години, зелен картон наместо за неколку месеци, може да се извади само за цела година.

Односно, до 2011 година, цената на зелената карта зависеше од видот на возилото и од периодот на покритие. Зелена карта можеше да се издаде за период од 1 месец, 3 месеци, 6 месеци и годишна зелена карта. Со промените од 2011 година, зелена карта се издава со покритие од една година, но не подолго од периодот на траење на полисата за осигурување од автоодговорност во земјата.

Сега владата размислува, повторно да го врати назад старото законско решение со кое зелен картон ќе може да се вади и со важност од неколку месеци.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1