Се огласи ќерката на отруениот руски шпион, Јулија Скрипал: И двајцата сме подобро!


Лондонската полиција издаде соопштение во име на Јулија Скрипал, која минатиот месец се разболе во Британија по изложеност на нервен гас Во изјавата што ја објавува полицијата таа наведува дека се оправува и оти секој нов ден е се подобра, но дека по инцидент е” малку збунета “.

” Се разбудив пред една недела сега и ми е драго да кажам дека мојата сила расте секој ден. Благодарна сум за интересот за мене “, се наведува во изјавата на ќерката на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал

Таа освен што се забагодарува за интерсирањето за нејзиниот случај ја замолува јавноста да ја почитува нејзината приватност.

“Има многу луѓе на кои треба да им се заблагодарам за моето закрепнување и особено би сакала да ги спомнам луѓето од Солсбери кои ми помогнаа кога татко ми и јас бевме неспособни. Освен тоа, би сакала да им се заблагодарам на вработените во окружната болница Салисбери за нивната грижа и професионалност. Сигурна сум дека цените дека целата епизода е донекаде збунувака и се надевам дека ќе ја почитувате мојата приватност за време на моето заздравување “, се вели во изјавата на Јулија што ја објавува полицијата.

Во соопштението не е спомената состојбата на нејзиниот татко или каква било информација за тоа кој според неа е одговорен за нападот со нервен гас.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1