Индијка од Керала се наоѓа во бегство откако ги ограбила и напуштила своите 15 мажи. Шаханаз (33) прв пат се омажи на 11 години, со маж по име Сидике со кој има една дете. Нејзината измама е откриена дури кога двата нејзини мажи ја пријавиле во полиција, по што се јавиле и други жртви.
Маникандан (24) кој работи во салон за автомобили, бил прв кој што ја пријавил избеганата невеста. Тие се венчале без одобрение на родителите на Маниканд, а два месеци подоцна, Шаханаз му река дека мора да престојува во хотел, каде ќе има можност да се подготви за испитите на факултет.
Маниканд тврди дека го продал целиот накит кој и го купил за свадба, за да и даде пари за престојот во хотелот. Но, по само две недели, таа го напуштила хотелот и од тогаш и се губи секој траг.
На идентичен начин го насамарила и фудбалерот на локалниот клуб Прасан. Во меѓувреме полицијата открила дека Шаханаз била омажена и за Радџеша, Чандрабабуа и Саравана, а нови пријави константно доаѓаат. Полицијата верува дека во измамата се вмешани и други незаконски активности.