Се палат на национализам па швајцарска фирма профитира – им продава „патриотски часовници“ на Срби и Хрвати


Швајцарска фирма успешно продава на Срби, Хрвати и Црногорци по светот часовници со патриотски „детал“ во дизајнот, пишува „Блиц“.
За цена од 79 до 89 евра плус трошоци за испорака заинтересираните клиенти ќе можат да добијат еден од трите часовници, кои фирмата ги рекламира како „невидена убавина и апсолутен уникат“.

„Хрватскиот“ часовник е најпровокативен, затоа што го носи ликот на генералот Анте Готовина, кој неодамна беше ослободен од Хаг – а на часовникот пишува „Анте Готовина, херој на Татковинската војна“. Цената е 79 евра.

На „српскиот“ часовник се наоѓа српскиот грб и натпис „Само слога Србите ги спасува“, а чини исто 79 евра.

Најскап е ,,црногорскиот“ часовник – 89 евра, затоа што е со поголеми димензии.

Фирмата ќе го шири бизнисот па ќе прави и турски, босански, руски, курдски, полски… часовници.
Сопственикот почнал да се занимава со овој бизнис уште за време на војните во поранешна Југославија во 90-те години. – Имам корист од национализмот, вели швајцарскиот бизнисмен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1