Се преврте противпожарно возило – повреден пожарникар


 

57 годишниот пожарникар, Т.Д. од Скопје е повреден во сообраќајна несреќа вчера околу 1 часот по полноќ, во близина на викенд населбата „Перова Вода“.

Според МВР, специјалното возило за гасење на пожар марка „Мерцедес 911“, почнало само да се движи низ брдото, пожарникарот од Автокоманда, со цел да го запре се качил на него, но возилото се превртело. Т.Д. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Брза помош е пренесен во ургентниот центар. Полицијата извршила увид на местото. Од незгодата  причинета е материјална штета околу 400.000 денари.

Share Button

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1