Се продаваат старите охридски куќи


Охриѓани почнаа да ги продаваат своите стари куќи, дури и оние во најстарото градско јадро. Доказ за тоа се известувањата поставени на речиси секој втор ѕид на кои стои дека куќата се продава. Но, за жал, интересот е скоро никаков, пишува „Утрински весник“.

ohridСо својата местоположба, поради атрактивноста со езерото и древноста на градот Охрид спаѓа меѓу местата во државата каде што најинтензивно се градат куќи и нови станови. Постојано никнуваат нови населби. Само на потегот од Општата болница до спортскиот центар „Билјанини извори“ се гради меганаселба со капацитет од 15 илјади жители. Новоградбите главно се наменети за викенд-станови. Нивната точна бројка никој не ја знае, но очигледно е дека се работи за илјадници.

Факт е дека станови се градат многу повеќе отколку што можат да се продадат. Додека интересот за куќите е уште помал. Охриѓани сакајќи да привлечат што повеќе купувачи, мислејќи дека полесно ќе продадат на странци, испишуваат и на српски јазик. Меѓутоа, интересот кај странците од соседството и од земјите на Европската унија е речиси никаков. Никој не сака да купи недвижности во Македонија. Куќи и станови купуваат само домашни лица или евентуално македонските иселеници.

Извор: Утрински весник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1