Крвава тепачка во Струмица: Ги боделе соседите со ножеви, ги полиле со бензин и сакале да ги запалат


Струмичката полиција приведе три лица кои со ножеви и секира, утринава нападнале четиричлено семејство на улицата „Бошко Буха“, во Струмица, јавува „Нова Македонија“.

nozТројцата насилници, вечерва, се изведени пред истражен судија, во струмичкиот основен суд и против нив најверојатно ќе биде поднесена соодветна пријава.

Настраданото семејство биле нивни соседи, а се работи за маж, жена и две малолетни деца. Според првичните информации од очевидци, повредените имале убодни рани од ножеви во пределот на нозете и стомакот, а поради сериозноста на повредите се префрлени од стрмучката болница на Клиниките во Скопје.

Тројцата притворени, на возраст од 21 до 30 години, ги нападнале соседите во домот во раните утрински часови, при што се нафрлиле на нив со ножеви и секира, а и ги полиле со бензин за да ги запалат. Наводно, причина за насилството, било кавгата и тепачката меѓу дечињата на притворените и нападнатите, известува „Нова Македонија“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1