Се слушаат истрели кај Лувр – нападите биле координирани


Во најновите вести медиумите јавуваат за истрели во близина на Лувр. Велерва Париз е под опсада. Од минута во минута се зголемува бројот на жртвите.

За сега никој не ја презел одговорноста за нападите. Не се знае кој стои зад нив, но јасно е дека станува збор за добро координирани напади.pariz-napad

Според известувањето на француските агенции, се случил нов оружен напад во шопинг центарот “Лес Халес“ во Париз. Во меѓувреме киднаперите кои држат околу сто заложници во концертната сала во Париз, излегоа и пукаа кон полицијата. Не е познато колку жртви има во салата, но според проценките се работи за најмалку 15 убиени луѓе.

Според пишувањата на Твитер од очевидци, напаѓачите извикувале “Алах Акбар“ а на француски “Ова е за Сирија“.
Според досегашните податоци, има најмалку 60 убиени жители на Париз, но бројот се стравува дека ќе биде многу поголем.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1