Според првичните информации кои ги објави телевизијата РТ, две 5 катници се урнаа целосно по силна експлозија во Менхетен, Њујорк, јавуваат американските медиуми.
Експлозијата се случила околу девет часот и триесет минути по локално време во источен Харлем, во Менхетен, Њујорк. Како што јавува телевизијата срушена делумно е и соседната зграда.
Според неофицијални извори, поголем број луѓе се повредени, а некои се уште се заробени во урнатините. 5 лица се со тешки повреди.
Експлозијата, според властите на Њујорк, се случила на крстосницата на Парк авенија и 116 Авенија. Метро линиите кон Парк авенијата, Њу Хавен и Хадсон се времено запрени додека не се истражи дали има нивно оштетување.
Се уште не се знаат причините за експлозијата, но постои сомнеж дека несреќата е предизвикана поради истекување на гас