Селими во затвор, а амбасадорската плата му тече


Сулејман Селими, без оглед што речиси една година е во притвор продолжува редовно да си ја добива амбасадорската плата во износ од 3.748 евра.

Од Mинистертвото за надворешни работи, со кое раководи Енвер Хоџај, изјавија дека во оваа фаза, односно се додека судот на го каже поседниот збор, нема да се донесува никаква одлука за дипломатот Селими,наведува приштини „Зери“ пренесе А1Он.

3914golema-500x320Во Основниот суд во Косовска Митровица во ноември лани почна судски процес против косовскиот амбасадор во Албанија и поранешен командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Сулејман Селими под обвинение за воени злосторства врз цивилното население.

Селими е еден од 15-те обвинети од т.н. „Група од Дреница“, која беше дел од ОВК и е обвинета за воени злосторства врз цивили во периодот 1998-1999 година, вклучително и за тортура и убиство извршено во 1998 година во импровизиран затвор на ОВК во село Ликовац.

Обвинети за тоа дело се и Сами Луштаку, кој сега е градоначалник на Србица, пратеникот Фадиљ Демаку и еден телохранител на премиерот Хашим Тачи. Според тоа обвинение, Селими е одговорен за седум злосторства, а Лиштаку и уште двајца се обвинети за убиството на тогашниот началник на полицијата во Глоговац, Иван Булатовиќ.

Селими се товари и за малтретирање и силување на две сестри -Албанки во реонот на Косовска Митровица за време на војната во Косово. Селими, познат под псевдонимот „Султани“(Султан)по косовската војна беше kомандант на Безбедносните сили на Косово, а пред две години премиерот Хашим Тачи го наименува за прв амбасадор на Косово во Албанија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1