Се срушија 2 станбени згради во Њујорк – се чула силна експлозија (Фото)


Според првичните информации кои ги објави телевизијата РТ, две 5 катници се урнаа целосно по силна експлозија во Менхетен, Њујорк, јавуваат американските медиуми.

1511863_10153913110215206_797296628_oЕксплозијата се случила околу девет часот и триесет минути по локално време во источен Харлем, во Менхетен, Њујорк. Како што јавува телевизијата срушена делумно е и соседната зграда.

Според неофицијални извори, поголем број луѓе се повредени, а некои се уште се заробени во урнатините. 5 лица се со тешки повреди.

Експлозијата, според властите на Њујорк, се случила на крстосницата на Парк авенија и 116 Авенија. Метро линиите кон Парк авенијата, Њу Хавен и Хадсон се времено запрени додека не се истражи дали има нивно оштетување.

Се уште не се знаат причините за експлозијата, но постои сомнеж дека несреќата е предизвикана поради истекување на гас

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1