Се стопила со помош на хипнотерапија – намалила 50 килограми без вежбање и диета


Лин Сејмор од Саутемптон во Британија уште од детството имала проблеми со дебелината. Кога вагата покажала 101 килограм таа решила дека е крајно време да ослабне. Наместо диета и вежбање, одбрала помалку конвенционална метода, односно хипнотерапија која дала неверојатни резултати.

se stopila so hipnoterapija„Цел живот се борев со вишокот килограми. Ги држев сите можни диети, одев на групни терапии, дури пиев и е диетални пилули за да ослабнам“, рекла Сејмор.

Тие начини давала краткотраен ефект, еднаш намалила дури 44 килограми, но за кратко повторно ги вратила.

Во еден момент Лин помислила дека од дебелината може да ја спаси хируршки бајпас на желудникот, но мајка и ја посоветувала да проба со хипнотерапија.

Таа помош побарала во еден специјализиран центар за ваква терапија каде останала една година. За тоа време изгубила дури 50 килограми кои веќе не се вратиле.

„Никогаш немав чувство дека држам некоја диета. Се беше толку лесно. Килограмите само исчезнуваа, без никаков напор. Мислев дека такво нешто е невозможно“, рекла Лин.

Од оваа програма има многу задоволни клиенти.

57966_p-profimedia0190015144_630x0„Нашата програма е ефикасна затоа што не станува збор за диета, туку за враќање кон исхраната која ја применуваат природно витките луѓе. Повеќето клиенти по првите резултати велат – не ми се верува колку е лесно ова“, рекол Сју Пекман, директор на „Hampshire Hypnotherapy“ центарот.

Лин Сејмор со хипнотерапијата лесно ги сменила своите навики во исхраната.

„Јадам работи кои порано никогаш не сум ги јадела, како овошје на пример, кое сега ми е ужина. Многу подобро се чувствувам, повремено имам болки, но сум многу поздрава и имам многу повеќе енергија“, рекла Лин на која дебелината и донела остеопороза и проблеми со дишењето.

Иако овошјето е често на нејзиното мени, Лин не се откажува од ниту една намирница, јаде што сака и кога сака.

Како делува хипнотерапијата

Терапијата под хипноза се вика хипнотерапија. За време на хипнозата, телото и свеста се опуштени, во природна состојба, додека потсвеста е будна и отворена за сугестии. Хипнозата е комуникациски процес при кој свесниот и несвесниот дел примаат иста порака. Хипнотерапијата се користи кај управувањето со стресот, тегоби, паника, нерасположение, недостиг на мотивација, за учење и полесно опуштање, контрола на болка, промена на тежината и друго.

Повеќе на – BabinLek.com

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1