35 годишната Ана Брн, која е мајка на два сина, скокнала од карпа во близина на Даблин. Таа претходно дознала дека е бремена со машки близнаци, а сакала да има девојче.
Ана била 20 дена пред породување кога се убила. Таа уште од 20 години била дијагностицирана дека боледува од депресија, и постојано зборувала дека животот и е празен бидејќи нема девојче, пишува Дејли меил
Пред да скокне му се јавила на сопругот и му кажала дека го сака. Се загрижил кога не се вратила дома, а кажала дека ќе оди само до продавница. Ја пронашле дури по 10 часа, па лекарите неможеле да ги спасат ниту неродените бебиња.