Пет возила на против пожарната единица од Скопје вечерва интервенираа на пожар во стан на улица ‚‚Владимир Комаров“.
Според информации од екипите кои биле на терен, повозрасна жена пожарот најверојатно го предизвикала од невнинимание заборавајки електричен апарат од домаќинството, но за што точно се работи ќе треба да утврди истрагата.
Според првичните информации пожарот ја зафатил дневната соба, а пожарникарите го изгасиле огнот кратко по пристигнувањето, пренесува Република.
Увид ќе вршат екипи на СВР Скопје.