Откако во полициската станица пристигнала пријава дека во река плива труп од жена, дури 18 полицајци од една кинеска провинција се изнамачиле за да извлечат пластична кукла за секс. Спасувачката акција за извлекување на настраданата траела дури 40 минути. На крај сепак дознале дека унесреќената била обична кукла за надувување која некои „безмилосни“ кинези ја фрлиле и ја замениле со некоја понова и подобра.
Спасувачката акција ја следеле повеќе од илјада луѓе, кои на крајот добиле прилика да ја видат „покојната несреќница“ кога полицајците заклучиле дека нема потреба да ја стават во црна вреќа.