Загаденоста на воздухот во цело Скопје вечерва е на највисоко ниво, покажуваат податоците од мерните станици поставени низ главниот град, а кои официјално може да се погледнат на веб страницата на Министерството за животна средина
Според последните регистрирани мерења направени за 20 часот вечерва податоците покажуваат дека во сите скопски општини присуството на ПМ 10 честичките или невидливата прашина за голо око во воздухот е на највисоко ниво. Параметрите покажуваат дека нивото на загаденост од нив е во виолетава боја што покажува најголемо загадување.
Во Центар, загадувањето со ПМ 10 е десет пати над дозволеното, во Лисиче 16 пати, Ректорат 11 пати. Високо ниво на загадување поради зголеменото присуство на невидливата прашина има и во Кавадарци, Кичево, Битола и Тетово.
Vecer.mk