Од следниот месец „Водовод“ воведува нова опција „Мој инкасатор“ со која граѓаните ќе можат да изберат инкасатор кој ќе им го чита водомерот. Имињата на инкасаторите ќе бидат објавени на веб страницата на јавното претпријатие, а оваа услугата ќе биде бесплатна.
Оваа новина се воведува со цел да нема изговори дека водомерите не биле навреме прочитани.
Исто така, конечно ќе се воведе можност да се фотографира состојбата на водомерот и да се испрати до „Водовод“, опција која досега не функционираше редовно.