Секој вработен ќе знае колку има работен стаж


ПИОМ од 15 јануари доставува податоци за стажот и за платите на секој осигуреник, а досега им се испорачани на 318.000 вработени.oglas rabota vrabotuvanje

 

За првите шест месеци од годинава, овие податоци вработените ќе ги добиваат преку работодавецот, односно од фирмата каде што работат. Во втората половина од 2015 година, ваквите извештаи секој вработен ќе може да ги добива по електронски пат. Доставувањето на прегледите на осигурениците ќе се врши два пати годишно и тоа најдоцна до 15 февруари и до 15 јули секоја година.

За самовработените лица и за индивидуалните земјоделци ќе се доставуваат прегледите на адресата која тие ја оставиле при приемот во задолжителното пензиско и инвалидско осигурување.

Оваа новина за синдикалците и работодаваците е бенефит за работниците затоа што отсега тие навреме ќе имаат увид во работниот стаж и дали има некои пропусти, а не како досега дури кога ќе одат во пензија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1