Секс факти на модерното време!


,,дебелите мажи имаат подолг секс, просечно секс е два пати неделно, оралниот секс како лек за утринска мачнина итн,, Ова се медицински докажани факти поврзани со сексот.

Просечна сексуална активност – два пати неделно!

Истражувањата спроведени од компанијата Дурекс велат дека луѓето просечно се „интимни“ 103 пати годишно, 1,98 пати неделно и 0,28 пати на ден!

Внесувањето доволна количина секс несомнено позитивно се одразува во животот на секој човек – релаксирање од стресните моменти, зголемување на енергијата.

Дебелковците подобри секс маратонци од слабите!
Повиталните мажи  со полоши секс перформанси? Е ова ги руши сите стереотипи. Според едногодишните истражувања спроведени во Турција потешките мажи биле „подобри мажи“, од аспект на временските критериуми.

Дебелковците можеле да водат љубов во просек 7,3 минути, додека пак кај послабите паѓала „кондицијата“ после 108 та секунда. Тоа според студијата објавена во „Nature“  се должи на женскиот хормон естрадиол кој е повеќе застапен кај подебелите мажи.

Оралниот секс лек за утринската мачнина!
Според психологот Гордон Галуп, бремените жени кои што се постојано изложени на семето на сопругот имаат поретки утрински мачнини. Галуп, чија специјалност е човековото репродуктивно однесување, нуди теорија според која утринската мачнина кај бремените жени е одговор на надворешната и непозната генетска материја со која женското тело се сретнува.

Со оралниот секс му се овозможува на телото соодветно приспособување и поголема толеранција кон „надворешните состојки“. Теоријата која допрва треба да се тестира и тоа како наидува на широка прифатеност кај татковците.

Секс против главоболка!
Ако вашата партнерка не е расположена за интимен момент поради главоболка, бидете мудри, кажете и! Специјалистот за главоболка Винсент Мартин смета дека сексот ја лечи главоболката. Се разбира сексот не е одговор на секоја главоболка, но вреди човек да се обиде.

Чешкањето на зглобот од ногата нуди чуство колку и добриот секс? Како не бе!
Зглобот на ногата го победи грбот, кога станува збор за масажа или чешкање. Експерти од Северна Каролина организирале истражување во кое доброволци биле подложени на чешкање на различни (неинтимни) делови од телото. Најголемо било задоволство во зоната на ножните зглобови над стапалата.

Женскиот оргазам се одвива по природна селекција!
Дезмонд Морис во својата книга објавена во 1967 година вели, женскиот оргазам се одвива по природна селекција. Само одбраните, внимателни и нежни мажи кои покажуваат разбирање за партнерките ќе бидат одлични провокатори на женски оргазам.

Вибраторот медицинско помагало во 19 тиот век!
Според секс музејот, првично вибраторот се користел за медицински цели. Ова денешно секс помагало, всушност во 19 тиот век служело за медицински третмани против женската хистерија.

25% од мажите постари од 65 години го користат волшебното сино апче!
Според Националниот институт за дијабетес и дигестивни и бубрежни заболувања, околу 5 отсто од 40-годишните мажи, како и  25 проценти од 65-годишните мажи патат од еректилна дисфункција. Истражувањата велат дека 46 насто од луѓето над 50 имаат секс еднаш неделно. Дури 85 проценти сметаат дека сексот во позрела возраст е поголемо уживање, отколку во тинејџерските години или во младоста. Велат со годините сексот станува порафиниран, како и многу други работи.

Tags: ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1