Селото Грнчари повеќе од Беверли Хилс – Фото


Кој прошетал низ Преспа, неодминливо поминал низ селото Грнчари, кои се наоѓа на самиот централен пат, залепено со селото Подмочани. Но, ако одите таму ќе барате нова дефиниција за „село“.

Овие луѓе, каде во секоја семејство има и по некој гурбетчија, важат за големи домаќини и газди. Се гледа по нивните куќи, дворови, возни паркови.

Ние едно зајдисонце прошетавме низ село и по случаен избор направивме фотографии за да прикажеме каде и во какви куќи живеат тие. Некои се изградени и средени тип топ, некои се во изградба. Просечна куќа, речиси и нема. Сите се толку модерни, чиниш во Беверли Хилс си.


Свадбите кои на лето ги прават Грнчарци, а задолжително почнуваат од нивните дворови изобилуваат со голем луксуз и гламур. Не штедат за да се докажат како што доликува. Се зборува дека минатата година во најголемата  куќа на сретсело, која имала и вертикални и хоризонтални лифтови, на една свадба сватовите фрлале толку бакшиш, што келниерите во торби си собирале еврата и доларите од подот.
Кон средината на јули прават и средби на средсело, на кое масовно присуствуваат сите повратници од странство родени во Грнчари, и новите генерации, родени таму.

Ако некогаш ве нанесе патот кон Грнчари, прошетајте без страв, кучиња ретко кој држи, домашни животни, крави, овци, кози веќе се заборавен поим, а, и слободно тропнете на било која врата. Ќе ви укажат голема чест и гостопримство, иако не ве знаат. И ќе уживате и во еден друг момент. Луѓето, кои во најголем број се Албанци и Турци и по 40- 50 години живеат низ Европа и Америка, зборуваат толку чисто македонски и без она иритирачко „американско Р“, што доколу сте македонец, ќе се чувствувате како меѓу свои.

Share Button

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1