330 тони овошје и зеленчук, 230 тони компир, 19 тони јајца… Се ова како оброк за 10500 олимпијци


Организаторите на Олимписките Игри, покрај обезбедувањето на условите за натпревари, безбедноста за време на игрите, имаат задача да се погрижат спортистите да не останат гладни.

Англиската кујна важи за не баш омилена во светот, па така организаторот ќе ги задоволува сите вкусови. Италијанска паста, кинески специјалитети, прасечко печење ќе бидат само дел од понудата која ќе треба да ги засити натпреварувачите и нивните тимови.

За да не биде препуштено се на случајноста, англичаните пресметале колку оброци ќе бидат послужени и колку храна им е потребно за истите. 10500 спортисти ќе изедат 1,2 милиони оброци кои ќе содржат 330 тони овошје и зеленчук, нормално компир како дел од речиси секој оброк-околу 230 тони, а белковините ќе бидат внесувани преку 19 тони јајца, 75000 литри млеко, 100 тони месо, 21 тон сирење и 25000 векни леб.

Храната ќе биде поделена на области, односно континенти. Најдобрите специјлитети од секој континент ќе бидат послужувани во трпезарија која истовремено може да прими 5000 „гости“ и има површина колку едно фудбалско игралиште. Британската самобендисаност ја има и во кујната, па така покрај континенталните специјалитети, ќе се служат и исклучиво британски оброци како познатите “Fish an chips” и за појадок “ham and eggs”.

Направена е и проценка колку би изеле и фановите на игрите. Па така, се очекува да бидат изедени 40 милиони оброци, а главниот спонзор McDonald’s ќе послужи околу 50000 биг-мек сендвичи и 180000 кесички со компирчиња.

Посетителите ќе можат храната да ја изберат од 800 штандови, а ќе има 150 различни видови на оброци.

Share Button

Tags: , ,

Ристе Kaратановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1