Семеен бизнис стар 1.400 години! Економска уметност – браво!


Со изградба на будистички храмови јапонското семејство Гуми се занимавало од 578. година, па се до 2006 тата кога „Конго Гуми“ доживеа банкрот и беше купена од фабриката „Такамачу“.

Успешни биле и знаеле каде да се насочат – религијата. Имале голема поддршка од системот а и оваа област нема век на траење. Успехот на семејството Гуми меѓудругото се должи и на нивната флексибилност, како и се разбира внимателниот избор на носителите на челните позиции во компанијата.

Со други зборови фирмата не ја наследувал секогаш најстариот син, туку оној што е најподготвен, најодговорен, најталентиран. Всушност во извесен период на чело на компанијата застанала баба. Исто така имало и ера на зетови, кои секако прво морале да го земат презимето Гуми.
Успешната бизнис приказна заврши во 2006 тата година. Особено важна лекција кон која треба да се придржува секоја фирма – совршено избалансиран микс на традиционалната флексибилност и модерното време.

Share Button

Tags: , ,

Александар Ѓурчески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1