Кинеските истражувачи идентификувале бактерија која велат дека е виновник за дебелината.
Тим од универзитетот Џаотунг во Шангај открил дека глувци се дебелееле и ако не јаделе, ним им била вбризгана бактерија ов човечки организам, пренесува AFP.
Оваа бактерија со името enterokokus, била откриена во цревата на екстремно гојазните луѓе. Кинескиот тим во тек на 9 недели, едно гојазно лице го ставиле на ригорозна исхрана со житарици и традиционалната кинеска здрава храна со чија помош е намалено присуството на оваа бактерија. Пациентот за 9 недели ослабел 30 килограми.
Дури и еден од научниците, кој имал поголема тежина самиот се ставил на истата диета и контрола на бактеријата и тој ослабел 20 килограми.
Од 1980.година бројот на гојазни луѓе во светот е дуплирано. Според светската здравствена организација (SZO), во 2008.имало преку 500 милиони гојазни личности во светот.