Основното јавно обвинителство го води случајот за смртта на докторката од Нефрологија, 53-годишната Ј.М.С.
Сеуште нема одговор дали се работи за убиство или пак самоубиство. Истрагата не е завршена, зашто според обвинителството било побарано дополнително вештачење за утврдување на причинско – последичната врска.
При увидот бил забележан видлив убод со нож во пределот на вратот.
Телото на починатата веднаш е дадено на обдукција, а од лице место се прибрани сите материјални траги и докази кои можат да помогнат во истрагата и истите се дадени на вештачење.