Бонбониера за дамата, со вакви зборови подмочанци синоќа ја пречекаа Радмила Шеќеринска од СДСМ, на сред село. За Шеќерната – Шеќер.
Шеќеринска се прошета на сред село, а таму собрани симпатизерите, собрани и опонентите сите на куп, собрани и сеирџиите. Радмила како професор им зборуваше тие ја слушаа, за кризата, за поскапената струја, за тешкиот живот македонски.
Во дискусијата се вклучија и дел присутните –
,, сите сте вие исти, гледате само торбите да си ги наполните,, констатираше еден од присутните.
Шеќеринска потоа бомбардирана со прашања ќе ни ги поефтините ли билките за прскање на јаболката ако дојдете на власт, дали ќе ни направите канализација и одвод…
Една од најконструктивните дискусии беше за пропаднатиот туризам и загаденото езеро. Еден од присутните изјави:
– Службите тврдат дека водата на Преспанското езеро се испитува секоја недела и наводно не е загадена.
Но подеталните анализи на една невладина организација покажаа дека езерото содржи канцероген материјал и е опасно за капење, и дека од 27 видови на риби, три веќе изумреле, меѓу кои и мрената. Преспа е доста „утепана“, уште ако кажеме дека езерото е загадено, жив човек нема да стапне таму!