Непознат маж утринава фрлил неколкумесечно бебе на хауба на автомобил во Скопје.
Малото бебе било оставено на автомобил паркиран на паркингот зад Министерството за финансии на улицата „Никола Вапцаров“.
Случајот бил пријавен од страна на случаен минувач, по што бебето било веднаш земено од надежните институции и згрижено на Детската Клиника.
Засега не е познато каква е состојбата на бебето и кој го оставил на милост и немилост.