Северна Кореја изгледа како црна дупка во морето светлина на фотографијата која неодамна ја објави НАСА. Фотографијата ја снимија астронаутите на Меѓународната вселенска станица на 30. јануари.
Забележан е контраст меѓу Северна Кореја и Јужна Кореја која ноќе е многу осветлена исто како и Кина. Најсветлата точка на Северна Кореја е нејзиниот главен град Пјонгјанг.