Шок во Скопје: И обезбедиле кров над глава на бездомничка за да чува болна жена а таа ја тепала


И дал кров над глава за да се грижи за мајка му, а таа ја тепала и малтретирала болната и неподвижна старица.  Пролетта  синот се договорил со 64 годишна жена од Скопје без надомест да живее со мајка му на првиот кат од семејната куќа,  бидејќи немала дом, а и давал и пари да си купува неопходни работи, но таа го злоупотребила гостопримството и се изживувала врз немоќната  84 годишна баба која  страдала од Паркинсонова болест и имала слабо паметење.  Скопјанката  без повод и причина во неколку наврати физички ја напаѓала старицата, а на фамилијата им кажувала дека паѓала и затоа имала модринки по телото.  Синот во понеделникот вечерта  случајно на една од камерите кои заради безбедност  биле поставени во куќата забележал како жената ја удира мајка му.baba i dedo autanazija bolnica

-На 21-ви овој месец околу 00:30 часот на улицата „Димо Хаџи Димов“, Б.В. преку поставениот видео надзор во станот на приземјето каде што живее неговата мајка заедно со пријавената Ј.М., случајно забележал како пријавената физички ја малтретирала мајка му, удирајќи ја со рацете по главата и телото, тегнејќи ја за коса и туркајќи ја на креветот. Се симнал  на долниот кат и ја спречил понатаму физички да ја напаѓа и малтретира неговата мајка, по што ја истерал од нивниот дом, изјави Дејана Недељковиќ, портпарол на МВР.

Вчера полицијата ја пронашла 64 годишната жена. По извршениот разговор поднесена и е кривична пријава за „Телесна повреда при вршење семејно насилство“. Во текот на денот по предлог на обвинителство ќе биде изведена пред судија на претходна постапка.

Видео материјалот од тепањето на старицата е предаден на истражните органи, но поради вознемирувачката содржина нема да биде објавен во јавноста.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1