Мишел Обама се појавува на насловните списанија од Тајм до Вог како моќна и убава жена, но шпанскиото списание Фуера де Серие ја претстави сопругата на американскиот претседател како робинка со голи гради.
Магазинот идејата за насловната ја позајмил од портрет на жена робинка од 1800 година насликана од францускиот неокласичен сликар Мари Гулјемин Беноаст. Според уредникот на списанието, фотографијата и оддава почит на Мишел Обама која тие ја нарекуваат “Gran mujer” (Голема жена) која “го освоила срцето” на човекот кој ќе биде претседател кој го “заведува на американскиот народ.”
Сепак, многу коментатори не ја гледаат фотографијата на тој начин. Според нив ова е начин да се прикаже семејството на Обама како потомци на робови и со тоа да се омаловажи и демотивира сегашниот претседател на Америка.
Некои историчари на уметноста ја опишуваат оригиналната слика како почит кон еманципација во Франција, кој се случи во 1794 година, но и како феминистичка поради поврзаноста на универзалното ропството на жените со институционалното ропство.
Беноаст беше една од ретките женски уметници во нејзината ера. Но, реалност е дека повеќето од луѓето денес, имаат мало познавање на уметноста која е од историско значење. Наместо тоа, тие едноставно ќе ја видат првата дама на САД со голи гради.
Карин Перчерон Даниелс уметничката која ја создала сликата вели: „Сигурна сум дека на Мишел ќе и се допадне сликата и се надевам дека еден ден ќе се запознаеме.