Видео/Фото: 100 годишен дедо згази 11 лица од кои 9 деца – уште имал возачка


Престон Картер кој има 100 години до вчера редовно го возел својот автомобил, а возачката му истекувала на 5 септември.

Според Ен-Би-Си дедото си бил во супермаркерт и излегувал од паркингот во рикверц, тогаш ја изгубил контролата во близина на училиште во Лос Анџелес. Возилото неконтролирано се движело и згазил вкупно 11 лица, од кои девет се деца.

Кога дошла полицијата дедото рекол дека му откажале кочниците. Не е уапсен, си заминал дома со ќерката која на медиумите им изјавила дека ова е последен пат татко и да седне зад волан.

Четири од повредените деца се во критична состојба.

Share Button

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1