Што ќе треба да правите за да не ви ја исклучат струјата и со платена сметка?


Стартува нова кампања на ЕВН-Македонија и Дирекцијата за заштита на лични податоци, за како што наведуваат, да нема злоупотреба на личните податоци, а граѓаните да можат непречено да ги плаќаат обврските од јавен интерес.{EFF50970-1E02-432E-8F0E-3BFAB1E327A9}_struja-2
Ажурирањето на податоците ќе ја подига нивната јавната свест, бидејќи точните податоци се значајни за да се добиваат навремени сметки, квалитетна услуга, но и ќе се избегнат нервозите, чекањата, погрешните резултати и недоразбирањата со давателите на услугите. Како што информираат од ЕВН-Македонија со сметките за електрична енергија граѓаните ќе добиваат и образец за ажурирање на нивните податоци, а кој ќе се пополнува на доброволна основа. За таа цел компанијата потпиша Меморандум за соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци која ќе ги штити нивните интереси, преку целосна заштита на податоците.

Игор Гиевски од ЕВН-Македонија смета дека точните податоци се важни за компанијата и затоа треба тие да се ажурираат од страна на физичките и правните лица, а со тоа компанијата ќе обезбеди подобар квалитет во услугата. Тој ги потсети граѓаните дека одвреме навреме самите треба да ги ажурираат податоците за да навреме бидат информирани за сите новини што тие ги организираат за нив.struja steker

– Ажурирањето е неопходно за да не се случат несакани ситуации како што е исклучување за веќе платени сметки, ненавремено доставување на фактурите, но и појава на судски случаи кои многу потешко се разрешуваат – вели
Гиевски

За обработката на личните податоци собрани преку кампањата ќе гарантира Дирекцијата за заштита на личните податоци.

– Сметаме дека на овој начин се остварува обврската предвидена со Законот за енергетика каде што ЕВН како контролор на податоците има обврска да испорачува на точно означена адреса, на точно означен физички субјект конкретна сметка за испорачана услуга – укажа директорот на Дирекцијата за заштита на лични податоци, Димитар Ѓеорѓиевски.

Тој информира дека во последно време до Дирекцијата има зголемен број на претставки со кои е утврдено дека граѓани повикувајќи се на злоупотреба на лични податоци се почесто се обидуваат да избегнат плаќаат обврски од јавен интерес, за потрошена вода, струја…

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1