ШТО МАЈКА БАРАМЕ НА ЕВРОВИЗИЈА – И гласањето ни го дисквалификувале


Откако заврши јубилејното 60-то издание на Евровизија кое се одржуваше во Виена, а победи претставникот на Шведска, Монс со песната „Heroes“ беше соопштено дека биле дисквалификувани гласовите од Македонија и Црна Гора.

glasvosi-evrovo500

На официјалниот профил на Евровизија на Твитер се појави информацијата дека гласовите од нашата земја и Црна Гора биле дискфаликувани поради тоа што биле само по пат на телевоутинг. Изземањето на доделените поени од двете држави не влијае на крајниот резултат, победа на претставникот на Шведска, се вели во официјалното соопштение од Евровизија. Инаку за овој скандал веќе известија и неколку познати британски медиуми.

Според официјалната страница на Евровизија гласањето на двете земји во големото финале не е прифатено по консултација со независен набљудувач на гласањето на натпреварот, а по одлуката на Извршниот супервизор и претседателот на Референтната група.

– Во двете земји, гласовите се 100% од телевоутинг. Исклучувањето на две земји ќе биде дискутирано на следниот состанок Референтната група во јуни.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1