Штрос Кан и исплати отштета на собарката што го обвини за силување


Со таен финансиски договор затворена аферата меѓу поранешниот претседател на ММФ, Доминик Штрос Кан, и хотелската собарка.

Адвокатот на Кан изјавил дека тие се задоволни од одлуката но не споменал која била сумата за која што паднал договорот.

Тој ги негира шпекулациите дека собарката добила 6 милиони долари.

– Со ова решение таа може да продолжи со својот живот, изјави адвокатот на собарката Кенет Томпсон.

Нафисато Диало пред 19 месеци поднесе пријава дека Кан ја силувал додека престојувал во хотелот во кој таа работела. Таа афера му стави крај на неговите амбиции за претседател на Франција, а мораше да поднесе оставка и од претседателското место во Меѓународниот монетарен фонд. Во меѓувреме Кан се разведе од сопругата, француската новинарка Ан Синклер.

 

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1