Во првото тримесечие на оваа година во Швајцарија 41 отсто од работодавачите се соочиле со недостиг на посакуваните кадри. Тоа е највисока стапка од 2011 година и воедно за осум процентни поени поголем од истиот период во минатата година.
Најмногу недостасуваат квалификувани работници. Овие податоци ги добила истражувачката компанија Manpower вио својата годишан анкета за недостиг на таленти, која опфаќа околу 750 швајцарски компании.
Поради ваквиот недостиг, 64 отсто од компаниите имаат намален капацитет за задоволување на потребите на пазарот, додеека 49 отсто имаат пад на конкурентноста и продуктивноста .
Во студијата е наведено дека на Швајцарија веќе шеста година по ред и недостасуваат квалификувани работници, а следуваат раководителите на компаниите и трговски претставници.