Сибир гори – состојбата е и понатаму вонредна (ВИДЕО)


Во последните 24 часа пожарникарите локализираа десетина пожари на териториja од 3.700 хектари во сибирската република Јакутија, но пожарите и понатаму беснеат поради што на терен е испратена и руската војска.

Според последните податоци на Владата во Русија пожарите зафатија површина од 1,2 милиони хектари.

Метеоролозите најавуваат дожд во дел од подрачјата зафатени со огнот, но не се очекуваат поројни дождови кои би ги изгасиле пожарите.

Стотина руски градови се наоѓаат под чад поради пожарите кои траат веќе со денови. Иако огнената стихија не зафати населени подрачја, сепак густиот чад навлезе во околу 800 населени места. Фауната на зафатените подрачја е речиси целосно уништена, а на социјалните мрежи се шират фотографии од пеполосани животинки.

Во гасењето на пожарите се ангажирани околу 860 луѓе со 96 парчиња опрема, а пет авиони за надгледување извршиле 14 летови.

Во подрачјето околу Иркутск , над 4 500 волонтери им се приклучија на пожарникарите во обид да спречат пожарот да се прошири кон куќите . Во опасната зона се мнаоѓаат над 120 населби.

Во Јакутија од 1 август на сила е вонредна состојба.

Вонредна состојба е прогласена во четири региони. Се претпоставува дека дел од пожарите започнале како удар од громтевици.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1