Централниот институт за епидемиологија sпроведува истражувања на генска терапија, која може да го убие вирусот во самиот геном и во целост да го излечи од вирусот ХИВ. Сепак, според експертите, ќе бидат потребни најмалку пет години за лекот да може да влезе во клиничка практика.
Во Новосибирск, во Државниот научен центар за вирусологија и имунологија се создава полиепитопна вакцина, во Санкт Петербург во Биомедицинскиот центар и во Државниот научно-истражувачки центар се прават посебно чисти биопрепарати – ДНК-вакцина, во Москва во Институтот за имунологија при Руската академија за медицински науки, пак, се прави вакцина врз основа на рекомбинатна белковина.
„Нашата вакцина содржи синтетизирана белковина добиена со гено-инженерски метод, во која има фрагменти од вирусот и од внатрешната белковина, – раскажува за ‘Руска реч на македонски’ Рахим Хаитов, научен раководител на Институтот за имунологија. – На него хемиски е пришиен молекул-имуностимулатор. Заедно тие предизвикуваат мошне силен имунитетен одговор. Така во организмот на заразениот човек се создаваат антитела кои го неутрализираат вирусот“.
Вакцината може да ја исполни својата задача, да кажеме, за неколку дена. Потоа полимерните молекули се распаѓаат на елементарни мономери и излегуваат од организмот. На ваков начин препаратот практично не дава несакани ефекти и е апсолутно нетоксичен. Оваа разработка на Институтот за имунологија е прва руска вакцина против ХИВ и СИДА која е допуштена на клинички испитувања.
Но, како што смета Покровски, профилактиката е поевтина од лекувањето: „Доколку се спречат новите случаи на заразување, скапите лекарства нема да бидат потребни. Сепак, современото сексуално однесување на руското општество неизбежно води кон заразување со вирусот ХИВ“, уверен е експертот.