Силувана девојка ги пишала имињата на силувачите на Твитер – ќе оди во затвор поради тоа


Ги „твитнала“ силувачите и сега може да оди во затвор. Малолетната Савана Дитрих од Кентаки била жртва на силување, снимена, а потоа снимките кружеле помеѓу нејзините врсници.

17-годишната девојка на една забава претерала со алкохолот, паднала во бесознание, а потоа двајца малолетници ја искористиле и сексуалниот чин го снимиле. Снимките биле пуштени да кружат кај нивните врсници. Савана Дитрих подоцна дознала што се случило вечерта и решила правдата да ја побара на суд.

Сепак, таа го прекршила законот затоа што на социјалната мрежа Twitter ги објавила имињата на, како што вели таа, „оние што животот и го направиле пекол“. Законот во САД не дозволува да се објавуваат имиња на малолетници кои се учесници во кривично дело, па сега на несреќната девојка и се заканува затворска казна од 180 дена и 500 долари казна. Дитрих сега бара во нејзиното сведочење и одбрана бидат присутни медиумите и да биде запознаена американската јавост, а во тоа има целосна подршка од родителите. Адвокатите тврдат дека не може да му се забрани на никого да зборува за она што му се случило и дека е сосема во ред тоа да го направат на своите профили на социјалните мрежи, затоа што тоа се нивни приватни профили.

Од друга страна, на силувачите им е понудена спогодба доколку ја признаат вината. Спогодбата не е за сега позната и ќе биде разјаснета следниот месец, а Савана Дитрих верува дека тоа ќе биде преблага казна за силувачите.

Tags: , , ,

Ристе Kaратановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1