Воведниот дел на објавената аудио снимка го одржал Ајман ал Завахари, сегашен шеф на терористите, пренесува Express.co.UK. Како што пренесува Daily mail, интересно е дека Хамза Бин Ладен во пораката не ја споменал ИСИС, која ги собира исламските екстремисти од целиот свет.
Според разузнавачки извори, Хамза бил најблиската личност до Осама бин Ладен. На Хамза мозокот му бил “испран” од терористите уште во младите тинејџерски години. Најпрво се мислело дека го загубил животот заедно со својот татко, но овие и слични информации тоа го демантираат.
Идејата на Хамза била војната од Кабул, Каза и Багдад, да се префрли во Вашингтон, Лондон, Париз и Тел Авив.